• Датум: 20-23 Април 2017
  • Место: Куманово
  • Рок за аплицирање: 30ти Maрт 2017

 

Центар за интеркултурен дијалог и здружение “Без граници 21 век“ отвараат повик за учесници на семинар на темата: Достапни механизми како поддршка за мојот бизнис план. 

 

За семинарот:

Семинарот  ќе се одржи од 20ти до 23ти Април, ќе се фокусира на претриемништво, и ќе таргетира невработени лица од меѓуграничниот регион. Семинарот ќе ја разработува темата како да се започне и да се менаџира социјално претпријатие, онлајн и офлајн. На семинарот ќе бидат повикани претставници од организации и институции, кои се експерти во оваа област, да го споделат своето знаење и искуство за расположливите средства и алатки кои можат да се употребат за започнување на бизнис иницијатива и водење на успешна имплементација на нечиј бизнис план.

За проектот:

Shift е 15-месечен проект финансиран од Instrument for Pre-Accession (IPA), чија цел е да понуди место за учење, и платформа кој ќе служи како заедница за споделување на искуства, пракса и размена на идеи.

Главната цел на проектот е да овозможи иновативни и интерактивни алатки за неформално образование, кои ќе овозможат развивање и унапредување на знаења и вештини кај невработената популација, особено кај младите и припадниците на маргинализираните заедници во насока на креирање на самовработување и зголемување на конкурентноста на поединците на пазарот на трудот.

Целна група се: невработени лица од 18 до 30 години, кои бараат прво вработување, социјални претприемачи во регионот, чинители и граѓани од регионот во Бугарија и Македонија.

Што да очекувате од овој семинар?

На семинарот учесниците ќе се здобијат со вештини во претприемништво, ќе ги развијат своите комуникациски и менаџерски вештини, и ќе се поттикнат со можности за самовработување како и други можности. Семинарот првенствено ќе вклучува невработени луѓе од двете страни на границита, кои ќе бидат таргетирани преку Агеницијата за вработување. На семинарот ќе бидат вклучени и претставници од Агенцијата за вработување, граѓанскиот сектор, и (социјалниот) Бизнис сектор, за да можат да се вклучат, да разговараат, да мотивираат, и да споделат своите најдобри практики со невработените млади луѓе.

Методологија

За имплементација на оваа активност, експертите и фасилитаторите на семинатор ќе користат методи на не-формално образование, со цел да се доближи темата до учесниците на семинарот.

Програмата на семинарите, ќе биде водена од фасилитаторите кои ќе бидат ангажирани како експерти во оваа областа на бизнис и (социјално) претприемништво.

Исто така, семинарите ќе служат како платформа за да се соберат млади неискусни луѓе од меѓуграничниот регион, и ќе им даде шанса да се запознаат со реалноста и можностите на другата страна на границата, како и да се поттикне потенцијална соработка.

Учесниците исто така ќе имаат единствена можност да комуницараат со успешни бизнис луѓе, претприемачи, и претставници од институции и локални власти, што ќе им овозможи увид од друга гледна точка.

Профил на учесници

Семинарите директно ќе вклучат група на учесници кои немаат претходно искуство со работа, и ќе им дадат шанса да научат разни методи и механизми за тоа како да ги претворат своите идеи во пракса, да го реализираат потенцијалот на социјалните претпријатија, па дури и да отворат свои.

Учесниците треба да бидат над 18 години.

Работниот јазик ќе биде Македонски.

Финансиски аспект на пројектот: 

Сместување, храна и патните трошоци ке бидат покриени од страна на организаторите.

Како да аплицирате?

Пополнете ја апликациската на Google форма, најдоцна до 25.03.2017.