Датум: 02-06 Јули 2017

Место: Ќустендил – Петрич – Струмица – Куманово

Рок за аплицирање: 25.06.2017

Студиската посета ќе биде 4 дневна активност на која ќе се соберат вкупно 24 млади луѓе од преку-граничната област преку која учесниците ќе имат можност да посетат успешни социјални претприемачи од регионот. Исто така на учесниците ќе им се даде можност да научат директно од искуството на овие веќе основани претпријатија, како и да се запознаат со можни предизвици, можности и пречки со кои се соочуваат овие основачи, но и ќе дознаат за придобивките за заедницата од овие претпријатија.

Бидејќи студиската посета е во прекуграничната област, ќе нуди можност за истражување на различни иницијативи и можности за развој на нови, но исто  така, унапредување на постојните социјални претпријатија.

Профил на учесници:

  • Учесниците треба да бидат над 18 години
  • Учесниците треба да се од прекуграничната област
  • Учесници кои се заинтересирани за соработка
  • Учесници кои имаат желба за запознавање со социјално претприемништво
  • Учесници кои имаат желба за стекнување на неформално образование

Студиската посета ќе опфати 12 учесници од Македонија  и 12 учесници од Бугарија.

Во текот на спроведувањето на активноста ќе се користат методи на неформално образование. Целиот процес на учење ќе биде предводен од страна на експерт кој ќе ги води учесниците низ различни фази на развој на социјално претприемништво.

Јазик на кој ќе се  изведува обуката : македонски и бугарски

Сите трошоци за  храна и пат ќе бидат покриени од организаторот.

Начин на пријавување:

Кандидатите треба да се пријават на следниот линк најдоцна до  25.06.2017 до 10 часот.

Дополнителни информации:

За дополнителни информации  ве молиме контактирајте  нѐ на  neal@cid.mk.