Од 15-ти jуни почнува првиот круг на бесплатни онлајн курсеви кои се дел од проектот “Shift => кон онлјан и офлајн заедница за претприемништво”.

Курсевите ќе бидат на тема претприемништвото, бизнис комуникација, проектен менаџмент и англиски јазик.

Претприемништво

Во овој курс учесниците ќе бидат запознаени со чекорите за планирање, комуникација и мотивација во текот на целиот процес на имплементација на еден проект. Учесниците преку практични вежби ќе поминат низ еден целосен проектен циклус и ќе ги искусат можните препреки на кои би наишле кога би менаџирале еден проект.

Бизнис комуникација

Овој курс ги воведува учесниците во природата на бизнисот и претприемништвото како средство за почнување на сопствен бизнис. Акцентот е ставен на различни форми на бизнис организации вклучувајќи и трговци поединци, партнерства, корпорации, заеднички вложувања и не профитни претпријатија. Други теми вклучуваат животната средина на бизнисот, глобализацијата, е-бизнис и интернет како тие влијаат врз националната и меѓународната трговија.

Проектен менаџмент

Во овој курс учесниците ке бидат запознаени со примена на принципите на бизнис комуникација преку креирање на ефективни деловни документи и усмени презентации. Курсот вклучува тимска работа и употребата на технологијата за да се олесни процесот на комуникација.

Англиски јазик

Овој курс се фокусира на основните јазични вештини на читање, пишување, зборување, слушање, размислување и презентирање.

Курсевите ќе бидат на македонски јазик.

Учесниците ќе имат можноcт да се здобијат со вештини за работа во тимови, организациски менаџмент, комуникациски вештини, и истите ќе имат можност да бидат следени индивидуално или во групи.

Курсевите се достапни на заедничка Мудл платформа за е-учење и секој учесник има можност да добие електронски сертификат по успешното учество.

 

За да се регистрираш за онлјан курсеви, следи ги следниве чекори:

Регистрирај се на веб страната. Регистрираните корисници добиват брз пристап до онлајн курсеви и на другите содржини.

Регистрирај се

 

Откако твојот профил е одобрен, ќе добиеш е-маил кој ќе те пренасочи кон Мудл платформата. Следи ги чекорите за промена на лозинка и пристап до платформата Moodle.

Пристап до онлајн курсеви

 

Поврзи се на платформата и провери ја листата на достапни курсеви. Избери го тој што најмногу ти интересира и придружи се.