Активности

  1. Состаноци на проект менаџмент тим
  • Формирање на заеднички тим за спроведување и координирање на проектот. Тимот ќе биде составен од претставници од двете партнер организации, кои заеднички ќе ги извршуваат задачите предвидени со цел понатамошните активности во рамките на проектот.
  • Имплементација на 2 средби со времетраење од по 2 дена (еден во Македонија и еден во Бугарија).
  • Избор на подизведувачи на проектот.
  • Превод на проектна документација на бугарски, македонски и англиски јазик.
  • Онлајн состаноци за координација и обезбедување на постојан и прецизен тек на проектот соодветно воспоставената временска рамка.
  • Репортирање, документирање и архивирање.

2. Проучување и анализа за цели на проектот

Оваа активност ќе се фокусира на реализација на студија која ќе ги истражува можните области на работа со социјално претприемништво и ќе обезбеди детална анализа на можни точки за унапредување и развој на социјалното претприемништво во прекуграничниот регион.

Студијата ќе се фокусира на мапирањето на:

а) Специфична целна група во прекуграничната област, нивното вработување и образовни можности (видови, фреквенција и популарност), миграциски тенденции;

б) Достапни понуди на стручни обуки во прекуграничниот регион на тема претприемништво и социјално претприемништвото, со фокус на анализа за нивните предности и слабости, како и предизвиците за јасно идентификување на интересите на целната група во оваа област во однос на развојот на социјалното претприемништво.

в) Мапирање на веќе постоечки активни социјални претпријатија во прекуграничниот регион и области за нивното потенцијално напредување.

3. Онлајн заедница за пракса и учење

Проектот ќе лансира заеднички веб-сајт, како платформа за развој на онлајн заедница за пракса и учење (Shift). Самата платформа ќе служи како простор за развој на компетенции на заинтересираните лица од нашата целна група, со цел да започнат сопственo социјално претпријатие или да се приклучат на некое од веќе постоечките.

Веб сајтот ќе понуди информации за проектот, а исто така ќе служи и како простор за учење и размена на искуства и предизвици со кои може да се соочиме при отварање на социјално претпријатие. На истиот ќе се користат резултатите од истражувањето и анализата од локалната реалност во регионот, со цел успешна и ефективна употреба на резултатите и систем за обезбедување на корисни информации со цел да започнување на сопствено социјално претпријатие.

На веб-сајтот исто така ќе се објавуваат и други елементи поврзани со проектот како што се е-курсеви, информации и контакти на активни социјални претпријатија во регионот, како и  можности за вработување.

4. Е-курсеви и онлајн активности

Развој на 4 онлајн стручни курсеви, достапни на веб страницата на проектот. Курсевите ќе бидат на тема претприемништвото, бизнис комуникација, проектен менаџмент и англиски јазик. Покрај фокусирањето на овие теми, курсевите исто така ќе обезбедат вештини за теми како што се: работа во тимови, организациски менаџмент, комуникациски вештини, и истите ќе имат можност да бидат следени индивидуално или во групи. Курсевите ќе бидат достапни на македонски и бугарски зик, и ќе бидат интерактивни обезбедувајќи инпут за претходно идентификуваните теми и можност да се надоградат вештините на учесниците. Курсевите се достапни на заедничка Мудл платформа за е-учење и секој учесник има можност да добие електронски сертификат по успешното учество. Овие курсеви директно ги таргетират невработените од меѓуграничниот регион.

Покрај е-курсеви, ќе бидат понудени и форуми, вебинари и блогови преку кои учесниците на курсевите ќе имаат можност да учат од искуството на успешни претприемачи. Самите претприемачи ќе имаат простор за вмрежување и размена на позитивни практики меѓу себе.

5. Семинар во Македонија и Бугарија

Оваа активност вклучува два семинари на тема “Расположиви механизам како поддршка за мојот бизнис план“.  Семинарите ќе бидат организирани во Бугарија и во Македонија, на кои ќе учествуваат по 30 учесници од меѓуграничниот регион. На двата семинари ќе има учесници од двете земји, обезбедувајќи размена на практики, искуства и разни локални реалности (20 учесници од земјата домаќин, а 10 од партнерот)

Секој од семинарите е тридневен семинар за претприемништво кој таргетира невработени лица во меѓуграничниот регион. Семинарите ќе се фокусира на темата како да се започне и управува со социјално претпријатие онлајн и офлајн. Во текот на овие семинари претставници од организации и институции кои се експерти во оваа област, ќе бидат поканети да ги споделат своите знаења и искуства за расположливите ресурси и алатки кои може да се користат со цел започнување бизнис иницијатива, и како истата да доведе до успешна имплементација на еден бизнис план.

Семинарите ќе ги развијат претприемачките вештини на учесниците, ќе служат за развивање на нивните комуникациски и вештини за менаџирање, а воедно ќе поттикнат и можност за самовработување. Семинарите првенствено ќе вклучуваат невработени млади луѓе од двете страни на границата, таргетирани  преку биро за вработување. Истите ќе вклучат претставници од биро за вработување, граѓански сектор и (социјален) бизнис сектор со цел нивно вклучување, вмрежување, мотивирање и споделување на најдобрите практики со невработените млади.

6. Студиска посета – Претприемачи во нашиот регион

Студиската посета ќе биде 4 дневна активност која ќе собере вкупно 24 млади луѓе од меѓуграничниот регион кои ќе ги посетуваат успешните социјални претприемачи во регионот и ќе им се даде можност да научат од искуството на овие веќе основани претпријатија, како и да дирекно да се запознаат на предизвиците, можностите и пречките со кои се соочуваат претпријатијата, но исто така и придобивките од овој вид претпријатија за директно за заедниците во кои се наоѓаат.

Покрај посетата на социјални претпријатија на учесниците ќе им се понуди и можност да посетат мали и средни претпријатија од регионот со цел да ги истражат можностите за пренасочување и префрлување на нивните области или работа во насока на социјално претприемништво.

Бидејќи студиската посета  е во меѓуграничната област, исто така ќе се истражуваат различните иницијативи и можности за развој на нови во регионот, но и  можности за унапредување на постојните социјални претпријатија.

Во студиската посета ќе учествуваат 12 учесници од Македонија и 12 учесници од Бугарија.

7. Брошури за претприемништво

Оваа активност ќе се одвива низ целиот период на реализација на сите претходни активности од проектот, со цел да се обезбеди квалитетен развој на интерактивни брошури за претприемништво кои ќе се користат од страна на невработени младите луѓе кои бараат прво вработување и / или можност за самовработување.

Оваа публикација на тема социјално претприемништво ќе биде развиена од страна на експерти кои ќе го следат процесот на учење за време на семинарите, е-курсевите и студиската посета, но и резултатите од истражувањето и анализата. Брошурите ќе бидат објавени на англиски, македонски и бугарски јазик. Брошурите ќе биде доставена до партнер организациите, агенции за вработување, бизнис инкубаторите и институции за стручно образование и обука во регионот.

Покрај ова, интерактивните брошури исто така ќе бидат достапни и на интернет.

8. Shift – Претприемнички караван

Оваа активност се предвидува да биде патувачки караван во посета на шест различни градови и општини во меѓуграничниот регион, три во Македонија и три во Бугарија.

Главната цел на караванот ќе биде да се понудат работилници кои ќе работат на градење на капацитетите на локалните заедници, како и да им се обезбеди можност за развивање на претприемачките вештини, знаење и компетенции.

На караванот ќе има двајца експерти на тема социјално претприемништво, комуникација и проектен менаџмент, кои ќе бидат фасилитатори за ангажирање и водење на локалните заедници низ овие теми.

Друг елемент на оваа активност ќе биде средба и соработка меѓу образовните институции, граѓанскиот сектор, локалните власти и социјалните претприемачи од регионот. Овие состаноци ќе се организираат како платформа за размена на практики, но исто така ќе се работи и на олеснување на легислативите со цел поттикнување на отворањето на нови социјални претпријатија и креирање на политики за придобивките на локалните заедници од социјалните претпријатија.

Активностите спроведени на отворено во текот на Shift – Претприемнички караван ќе бидат директно поврзани и емитувани со интернет платформата дозволувајќи им континуирана врска на онлајн корисниците со различните заедници од регионот, давајќи им можност за размена на знаења и искуства.

Во текот на Shift – Претприемнички караван ќе биде развиено и промотивно видео.

9. Завршна конференција на проектот

Последна активност на проектот ќе биде завршната конференција.

Завршна конференција на проектот ќе служи за да се достават:

– Информации за проектот, идеја на проектот, партнерите на проектот и искуство;

– Податоци за досегашните активности во рамките на проектот, како и резултатите од истите. Овој чекор вклучува и презентирање на финалните производи на проектот, презентирање на истражувањето и анализата, интерактивните брошури, онлајн курсеви, промотивни видео материјали, како и резултатите од семинарите и студиските посети.

– Завршната конференција исто така ќе се фокусира на презентирање на резултатите од консултативните состаноци кои се одржаа како дел од Shift – Претприемнички караван со образовните институции, граѓанскиот сектор, бизнисмените и сопствениците на општествени претпријатија и локалните власти.

– Развивање на идни планови за Shift – онлајн и офлајн заедницата

Во рамките на оваа активност ќе има вкупно две конференции организирани во Македонија и во Бугарија.