Shift е 15-месечен проект финансиран од Instrument for Pre-Accession (IPA), чија цел е да понуди место не само за учење, но и платформа кој ќе служи како заедница за споделување на искуства, пракса и размена на идеи.

Главната цел на проектот е да овозможи иновативни и интерактивни алатки за неформално образование, кои ќе овозможат развивање и унапредување на знаења и вештини кај невработената популација, особено кај младите и припадниците на маргинализираните заедници во насока на креирање на самовработување и зголемување на конкурентноста на поединците на пазарот на трудот. Целна група се: невработени лица од 18 до 30 години, кои бараат прво вработување, социјални претприемачи во регионот, чинители и граѓани од регионот во Бугарија и Македонија
Основа на проектот е креирање на online web-платформа како заедничко место за учење, споделување на знаења и практики од страна заинтересираните учесници и активните претприемачи за отпочнување на социјално претприемништво или придружување во работата на постоечките.

На web-платформа ќе бидат достапни 4 стручни курсеви на следните теми: Претприемништво, Проектен Менаџмент, Бизнис комуникација и Англиски јазик кои ќе бидат изработени од страна на експерти за online курсеви. Исто така на платформата ќе бидат достапни вебинари, форуми, блогови и сл. каде што учесниците ќе имаат можност да стапат во интеракција со активни и успешни претприемачи од регионот. Курсевите како и сите останати информации на платформата ќе бидат достапни на македонски и бугарски јазик.
Проектот предвидува одржување на разновидни интерактивни настани, меѓу кои ги издвојуваме:

  • 3-дневни семинари во Македонија и Бугарија на тема Претприемништво со фокус на невработеноста
  • 4- дневни студиски посети во дветте држави каде учесниците ќе имаат шанса да посетат успешни социјални претприемачи и нивните етаблирани ентитети
  • Претприемачки каравани во 6 градови во пограничната зона ,што опфаќа средби и соработка со општини, училишта, граѓански сектор и други соодветни институции