СТУДИСКА ПОСЕТА

Студиската посета е 4 дневна активност на која ќе учествуваат вкупно 24 млади луѓе од преку-граничната област преку која учесниците ќе имат можност да посетат успешни социјалните претприемачи во регионот и имаат можност од прва рака да слушнат совети и искуства од претставници на успешни (социјални) претпријатија, како и да се запознаат со можни предизвици, можности и пречки со кои се соочуваат овие основачи, но и придобивките за заедницата од овие претпријатија.
Покрај посетата на социјални претприемачи на учесниците исто така  им се понуди шанса да ги посетат малите бизниси од регионот со цел да се истражуваат можности за самовработување или пренасочување на веќе постоечките бизниси во насока на социјално претприемништво.