СЕМИНАР

“Достапни механизми како подршка за мојот бизнис план”

Во период од 20-23 април 2017год., Здружението ”Центар за Интеркултурен Дијалог” во партнерство со здружението “Без Граници-21” од Бугарија организираа тридневен семинар на тема “Достапни Механизми за мојот бизнис план” во Куманово. На овој семинар беа таргетрани 30-тина млади невработени лица од двете погранични зони.

Семинарот ја обработи и опфати темата како да се започне и како да се управува со социјално претпријатие, како онлајн така и офлајн, можност за комуникација на учесниците со надлежностите во претприемништвото, простор за развивање на комуникациските вештини и вештини за управување, како и да ги поттикне можностите за самовработување.